Со механизација деновиве се чисти и уредува коритото на реката Грашница која неодамна два пати се излеа во населбата Воска поплавувајќи повеќе куќи. Во најкритичните делови на спојот на булеварот „Туристичка“  со ул„Ариф Мустафа“ од коритото на Грашница се извадени големи количини песок и талог, тоа е продлабочено и проширено за да може да прими повеќе вода. Слични зафати се вршат и на другите локални реки во сливот на Охридското Езеро, со цел да се спречи нивно излевање.


Исчистено коритото на Грашница

OhridNews