Огромни количини снег кој се подигна од улиците во централното градско подрачје заврши во водите на Охридското Езеро. Механизацијата ангажирана во расчистувањето на снегот истиот го растовараше директно во езерските води. Екологистите прдупредуваат дека избраниот не е најдобар начин за расчистување на снегот, затоа што заедно со него во езерото завршуваат и остатоците од моторни масла и други нечистотии од коловозите.


Од јавните претпријатија ангажирани во расчистување на снегот вчера информираа дека успешно се справиле со состојбата и дека за релативно кратко време,  користејќи ја во целост својата работна сила и механизација, успеале навреме да ги расчистат јавните површини. Коловозите и тротоарите се чистеа деноноќно, а расчистениот снег се подигна и се отстрани од градското подрачје, информираа јавните претпријатија, не посочувајќи дека истиот се одлага директно во езерото.



Исчистениот снег заврши во Охридското Езеро


Ohridnews
фото: Емилио