Во годишната кампања за чистење на највисокиот врв на светот беше ангажиран тим од 29 непалски алпинисти кои во април и мај во период од шест недели собраа разни отпадоци, од празни боци за кислород, алинистичка опрема до делови од срушени хеликоптери.
„Се работеше по седум и повеќе часа дневно. Секој собра по најмалку 30 килограми ѓубре“ – ијави Пасанг Шерпас, водачот на тимот.
Во акцијата за чистење на Монт Еверест помогнаа 65 носачи и 75 јакови кои собраниот отпад го превенесоа во непалскиот град Намче Базар.
Според проценките на стручњаците и покрај редовните годишни акции за чистење од 2008 -та година, на Монт Еверест се уште има 50 тони отпад.
На планината се наоѓаат и тела на неколку настрадани алпинисти. Од 1953 година на Монт Еверест загинаа 250 алпинисти.
извор: „Макфакс“