Околу 4 метри кубни земја и друг отпад подигнале екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во рамки на вчерашната акција за чистење на јавните површини во село Пештани.
-Се расчистуваше центарот на селото и улицата која води до основното училиште од наносите од земја, песок и чакал кои со силните врнежи беа слеани од планината кон пониските делови, информираат од препријатието.
Исто така во текот на вчерашниот ден екипите на „Паркови и зеленило“ работеле на отстранување на скршените гранки од дрвјата на улицата „Кузман Капидан“ во потегот од Горна Порта до Плаошник.
OhridNews