Членови на Здружението на љубители и подржувачи на Националниот парк „Галичица“ во содејство и логистичка поддршка од ренџерската служба на Национален парк Галичица извршија подигнување на дива депонија во атарот на село Рамне.

Во наредниот период со помош на донатори во соработка со Националниот парк Галичица ќе се пристапи кон воспоставување на мониторинг мрежа, доброволна чуварска служба која ќе врши еко патроли и полесно ќе се справи со овие девијантни појави, велат од Здружението.

OhridNews