Депонијата со инертен отпад и градежен шут на патот од село Белчишта кон Белчишко Блато е исчистена информира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, посочувајќи дека во последно време на територијата на општината констатирано е неконтролирано одлагање на инертен отпад и градежен шут на повеќе локации (кај мостот на каналот на река Сатеска на патот Волино-Требеништа, кај Ново Село, Грко Поле, Црвена Вода и други локации) со што се врши деградација на природната и животната средина.
На лице место излезени се општинските служби, направени се записници за констатација и во голем дел детектирани се физичките и правни лица кои го депонирале отпадот и до истите издадени се задолженија локациите да ги санираат и вратат во првобитна состојба. И сега и во иднина, против сите прекршители општината ќе поднесе соодветни пријави, согласно законот за управување со отпадот и законот за животната средина, вели Ногачески.
Потенцира дека сите имаат обврска во заштитата на природата и обезбедувањето на чиста и здрава животна средина.
OhridNews