По одбележувањето на празникот Св.Наум Охридски Чудотворец, денеска екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец“ го исчистија манастирскиот комплекс Св.Наум.
-Комплексот е исчистен целосно од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Подигнат е комуналниот отпад, хартија, картонска амбалажа и друг отпад од јавните површини. Овие активности се спроведоа во договор со Дебарско-кичевската епархија. – информираат од „Охридски Комуналец“.
OhridNews