Жолтиот локвањ , чии живеалишта неодамна со акција на Лимнолошкото друштво повторно беа обновени во водите на Охридското Езеро, деновиве почна да ги губи лисјата и да исчезнува. Експертите смируваат дека тоа е природен процес и вообичаен за овој период од годината.


крај на вегетацијата на локвањот

Тое е природен процес затоа што сега е крај на вегетативниот процес на локвањот, некои листови се исушени, некои и распаднати, а за неколку месеци дури и целосно ќе исчезнат листовите, но тоа е сосема природен процес, ни изјави Марина Талевска, од Македонското Лимнолошко друштво.

Таа потенцираше дека причина за исчезнувањето на лисјата на локвањот не е намалувањето на нивото на Охридскјото Езеро или некои други механички појави, туку дека се работи за крај на вегетациониот период.

Локвањот чие живеалиште со помош на донатори, локалната самоуправа, ЈП Охридски Комуналец и х. Милениум, беше обновено во близина на трската (наспроти х. Милениум), повторно ќе почне да цвета напролет, вели Талевска.

Сепак , таа информираше дека забележано е намалување на природните живеалишта на локвањот во струшко, кои како што рече се на удар на човекот. „Особено во Калишта со интензивна изградба на хотели, куќи и паркиралишта се намалува површината која е природно живеалиште на локвањот“, предупредува Талевска. Таа информираше дека Лимнолошкото друштво ќе реагира на ваквата појава и ќе бара соодветен одговор од належните институции.

Г. Момироски