Нема траги на насилство врз телото на Љупчо Тасески (43), кое  беше пронајдено вчера во водите на реката Црн Дрим, во близина на селото Ташмаруништа.

Според обдукцијата, смртта настапила како резултат на давење. Според полицијата, безживотното тело на Љупчо било пронајдено во водите на реката Црн Дрим кај месноста “Кривача”, во близина на селото Ташмаруништа.  На лице место бил извршен криминалистичко-технички увид,  во присуство на Истражен Судија и Основен Јавен Обвинител при Основниот Суд во Струга.
   

Љупчо Тасески беше пријавен за исчезнат на 7 март годинава, а во пребарување на охридско-струшкиот регион беше вклучена и посебната нуркачка единица при Министерството за внатрешни работи.

Ohridnews