Австралиската полиција пронашла мртво тело на маж во багажник од автомобил, за кое се претпоставува дека е 38 – годишниот Македонец, Мите Наумовски кој исчезна кон крајот на септември од својата куќа во предградие на Перт, јавуваат австралиските медиуми.

Телото на Наумовски било пронајдено во багажникот на автомобил Хонда, во подземен паркинг во Ривервејл. Мртвото тело најверојатно било таму 12 дена. Неколку лица се на информативен разговор во полицијата, која работи на расветлување на случајот.

Наумовски е самохран татко на шестгодишно девојче, а претходно два пати се судрил со законот поради трговија со дрога, а неодамна се соочил со обвиненија за провална кражба.

OhridNews
извор: Makfaks