Со воздушно набљудување американската крајбрежна стража успеала да пронајден тројца исчезнати морнари на пуст остров во Тихиот Океан, благодарејќи на големиот знак што го направиле „Help“ (помош).
Малото пловило доживеало бродолом за време на бура, а тричлениот екипаж успеал да по две милји да доплива ноќно време до еден ненаселен остров во Федералните држави на Микронезија, која претставува група од 600 мали островчиња, јави телевизиската мрежа „CNN“, пренесува „Макфакс“.
„Луѓето се нашле на оддалечен мал остров, каде што практично нема ресурси за преживување“, рекол претставник на крајбрежната стража, појаснувајќи дека сигналот за несреќата неговата служба го примила во вторникот.
Натписот на песокот „Help“ и луѓето кои мавтале со нивните црвени појаси за спасување ги забележале пилотите на авион од типот „P-8“ на воздухопловните сили на САД, стациониран во воздухопловната база Мисава во Јапонија, кои летале во близина на островчето.
Тоа овозможило да бидат спасени луѓето кои биле принудени да останат повеќе од три дена на пустиот остров Фанадик, оддалечен 2.600 наутички милји од Хонолулу.
OhridNews
извор: „Макфакс“