На брегот на Охридското Езеро утрово нешто пред 11 часот е пронајден човечки труп. Според првичните информации од истрагата што ги соопшти СВР Охрид се работи за Лета Цветаноска Лазареска (35)  која исчезна минатиот месец. Нејзиното безживотно тело го пронашла полицијата на крајбрежјето помеѓу плажите Горица1 и Горица2.


На местото на настанот увид вршат екипи на СВР Охрид и истражен судија. Се очекува по завршувањето на увидот СВР Охрид да изнесе повеќе детали за случајот.

За пет дена ова е втор ваков случај во Охрид.

ohridnews