Малезиската полиција уапсила три лица под сомнение дека се поврзани со исчезнувањето на 725 илјади кондоми вредни околу еден милион евра. Бродската пратка од 85 илјади кутии со ултра тенки кондоми исчезнала минатиот месец на пат од Малезија во Јапонија. Контејнерот со кутиите бил празен кога стигнал во пристаништето во Токио.


Шефот на полицијата на малезиската северна држава Перак, Шукри Далан, рекол дека во инцидентот бил вмешан некој од внатре. Упасените осомничени се вработените во компанијата Sagami Rubber Industries, првиот јапонски производител на кондоми. Полицијата се сомнева дека планирале да ги продаваат во Малезија. Сеуште не е познато каде се наоѓаат кондомите.