Лондонската полиција се обидувала да утврди каде завршил извештајот со причината за смртта на пејачката Ејми Вајнхаус, откако бил испратен на погрешна адреса. Имено, наместо извештајот на кој се чека веќе два месеци да се упати на адреса на семејството на Ејми Вајнхаус, документацијата била испратена на непознато лице, бидејќи ковертот бил погрешно адресиран.
Портпаролот на Скотланд Јард ја потврдил грешката и изјавил дека истражуваат како тоа се случило. Лицето кое дошло до извештајот наводно се јавило во полицијата и им ги предало документите, но сега се сомневаат дека податоците од извештајот веќе завршиле во рацете на таблоидите.