Актерот Ник Стал, најпознат по улогата на Џон Конор во „Терминатор 3“, исчезнал, пренеле холивудските таблоиди. Актерот последен пат бил виден во Лос Анџелес во средата на 9 мај. Неговата сопруга Роуз Марфи го пријавила исчезнувањето во полиција во понеделникот.
Стал глуми веќе 20 години и играл во филмовите „Тенка црвена линија“, „Град на гревовите“ и други. Се пробил со улогата на 12-годишно момче кое се спријателува со Мел Гибсон во филмот „Човек без лице“ од 1993 година.