Охридската полиција од денеска трага по уште еден исчезнат охриѓанец. Се работи за лицето С.Н. (62) кој од четвртокот не се вратил во својот дом. Според изјавите на неговото семејство последен пат тој бил виден истиот ден во 16 часот кај одмаралиштето на ПТТ, на кејот на Охридското езеро. Во потрагата покарај семејството се вклучени и неколку екипи на полицијата, кои интезивно го пребаруваат брегот на Охридското езеро.

Во понеделникот во Охрид исчезна и триесет и пет годишната Лета Ц.Л. која суште не е пронајдена.

 
Елена Ефремоска