Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон ги преживуваат најтешките денови во своите животи. Имено, нивниот проблематичен 25-годишен син Чет исчезна. Извор за списанието Стар изјави дека Чет веќе еден месец не се јавил никому и не упатил ниту еден телефонски повик до своите родители.

 

Семејството настојува се да задржи далеку од медиумите, но познато е дека полицијата го следи неговиот мобилен телефон. Наводно момчето се наоѓа во Барстов, град кој е познат како престолнина на метамфетаминот во Калифорнија. Минатата година Чет најави дека оди на одвикнување од кокаин, но не е познато колку одвикнувањето вроди со плод.