Индонезиски патнички авион со вкупно 54 луѓе исчезна од радарите во областа на Папуа Нова Гвинеја. „Загубен е контактот со авионот“, изјави за агенцијата Бамбанг Сулистиот, челникот на Националните служба за потраги и спасување.

Според неговите сознанија, авионот ѝ припаѓал на воздухопловната компанија „Trigana Air Service“, и со него се превезувале 44 возрасни патници, пет малолетници и петмина членови на екипажот.

Првичните информации укажуваат дека контролата на летањето го загубила контактот со авионот од типот „ATR 42-300“ над територијата на покраината Папуа. Авионот полетал од аеродромот Сентани кај градот Џајапура кон Оксибил. Воздухопловот не пристигнал на одредиштето во предвидениот термин, а со екипажот не било возможно да се стапи во контакт.

Индонезиската покраина Папуа го зафаќа западниот дел од островот Нова Гвинеја во Тихиот Океан. Источниот дел од островот, пак, го зафаќа државата Папуа Нова Гвинеја.

OhridNews

извор Макфакс