Авион на Ер Франс со 216 патници и 12 членови на екипажот кој летал од Рио де Женеиро до Париз, исчезна денеска некаде над Атлантскиот Океан, јавија светските агенции. Контролата на летот загубила секаков контакт со летот АФ 477 кусо време по полетувањето од меѓународниот аеродром во Рио де Женеиро.

Авионот од типот Ербас 330-200 неколку часа го нема на радарите на цивилното и военото воздухопковство, а се стравува дека тој се урнал откако бил погоден од силно невреме. Воени авиони на бразилската армија ја започнаа потрагата по авионот на Ер Франс.

Ohridnews