Полицијата трага по седумнаесетгодишната Санела Р. од струшкото село Октиси, која од страна на семејството била пријавена за исчезната.

Девојката исчезнала на 17-ти април, а случајот ноќеска половина час по полноќ во полициската станица во Струга го пријавила нејзината мајка.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во изјава за OhridNews истакна дека струшката полиција интензивно работи на расчистување на случајот и дека постојат одредени индиции, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

OhridNews