Големата НБА-ѕвезда, Кајри Ирвинг ќе се пресели од Бруклин нетс во Далас маверикс.
Според инсајдерот Крис Хејнс, Ирвинг е „воодушевен“ од размената и со нетрпение чека да се приклучи на екипата од Тексас и лидерот на тимот Лука Дончиќ.
Нетс во замена за Ирвинг ќе ги добијат Спенсер Динвиди, Доријан Фини-Смит, незаштитен пик од првата рунда во 2029 година и два пика од втората рунда (2027 и 2029 година).
Далас маверикс со трејдот ќе го добие од Бруклин нетс и Маркиф Морис.
OhridNews