Во ирска атмосфера и македонско гостопримство зачинето со музичките квалитети на Папаз и Јован, Ирскиот паб „Даблин“ од Охрид синоќа го прослави својот втор роденден. Новиот менаџерски тим кој го презеде овој објект од пред две години успеа да го воскресне местото кое охриѓани често го нарекуваат -место каде се пие најдоброто утринско кафе со најдобар поглед на Охридското Езеро.
Прекрасната роденденска атмосфера беше надополнета со посебна посветеност од страна на персоналот, кој се потруди на секој начин да им угоди на редовните гости но и на оние кои од љубопитност беа дел од прославата на роденденот.
Прославата беше зачинета и со торта која ја вкусија сите гости, а се служеше и храна од квалитетната кујна на „Даблин“.
И покрај економските кризи и бурните времиња менаџерскиот тим на овој објект постојано се труди да обезбеди пристапни цени за секој посетител.
Редакција на OhridNews му го честита роденденот на „Даблин“ и му посакува големи успеси.
OhridNews
Фото: Емилио