Ирската авиокомпанија „Рианеир“ објавила дека ја разгледува опцијата да воведе наплатување на услугите за тоалет за патниците во текот на летот во авион.
Генералниот директор, Мајкл О’Лари, изјавил дека планираат да инсталираат апарат кој ќе им го наплатува користењето на тоалетот на патниците.
Главната замисла на компанијата е да понуди евтини цени на летовите, а дополнителните услуги да се наплатуваат поединечно на секој од патниците.
Сепак, ваквата најава наиде на критики од здружението за потрошувачи, кои тврдат дека компанијата на прво место го става профитот, а потоа патниците.