Руската манекенка во секси издание ги красела фотографиите за новата кампања на „Риплеј“. Ирина Шајк на рекламните фотографии позирала во топлес издание. Градите ги прекрила со рацете, а на останатите фотографии позирала само во фармерки во друштво на други модели.
Ирина изјавила дека рекламира долна облека, но сепак имала свои уверувања. Минатата година и понудиле огромна сума пари од Плејбој, но таа ги одбила. Додала дека нема ништо против за тоа што за познатото списание претходно се фотографирале и Клаудија Шифер и Наоми Кемпбел.