Манекенката Ирина Шајк, која е во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, направила кампања за чевлите “XTi” и покажала дека и рекламирањето на чевли може да биде многу секси и заводливо.
Убавата русинка била главна ѕвезда на кампањата за чевлите и чантите “XTi” , позирајќи во топлес, прекриена со чанта, но и во чевли на истиот бренд во провокативни пози. Иако сме навикнати да ја гледаме во костими за капење, Ирина покажа дека и со малку повеќе облека може да биде многу секси и да ја буди машката фантазија.