Веста за која во последниве денови се зборува на големо е прекинувањето на славниот фудбалер Кристијано Роналдо и убавата руска манекенка Ирина Шајк. Се шушка дека Роналдо веќе е со украинската манекенка Јара Кмидан, но и неговата поранешна не чекала долго, пишуваат странските медиуми. Ирина се поврзува со актерот Двејн Џонсон со кој минатата година го снимала филмот „Херкулес“.
Наводно токму тој и испратил голем букет цвеќе за 29. роденднен, а не Роналдо како што се претпоставуваше. Славната манекенка и официјално се огласила околу раскинувањето, но не спомнала никој нов. Бидејќи таа и Двејн заедно го промовирале филмот, медиумите уште минатата година пишувале дека на Роналдо не му се допаѓа тоа што тие премногу се дружат. Наводно веќе биле во врска и пред официјалното раскинување.