Девојката на Роналдо одамна е пробиена во светот на модата, но не престанува да ги изненадува обожавателите со своето совршено тело.

 

Ирина Шајк ги поздравила сите кои ја следат на социјалните мрежи со фотографија во костум за капење. И тоа каков!

Убавата русинка позирала во едноделен костум со длабоко деколте, носејќи само малку шминка.

 

Во потписот на фотографијата стои „Спортс илустрејтед“, а Ирина веќе се фотографирала за традиционалното издание на познатото списание, па постојат назнаки дека повторно ќе соработува со нив.