На шармот на убавата русинка не остана имуна ниту мајката на нејзиното ново момче. Мајката на Бредли Купер, Глорија, е видена во друштво на неговата девојка Ирина шајк, додека биле на прошетка во Њујорк со неговиот домашен миленик, кучето Шарлот. неодамна тие двајца заедно беа видени во Њу Џерси, па е јасно дека славната манекенка успеа да ја воодушеви својата нова свекрва.
Во еден момент дури и ја бакна во образот, а јасно е и дека глорија ужива во друштвота на својата снаа. Ирина овие денови е зафатена со обврсите на модната седмица во Њујорк, додека Купер присуствуваше на финалниот натпревар на тенискиот турнир УС Опен. Ирина е Бредли се во врска од мај, а цело лето беа неразделни. Актерот претходно имаше долга врска со британската манекенка Суки Витерспун, додека Ирина пет години се забавуваше со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо.