Руската убавица Ирина Шајк мами воздишки кај мажите ширум светот без нималку труд. Во новата кампања која ја снимла за костуми за капење, малку што оставила на фантазијата. Ирина снимила едиторијал за новото издание на списанието „Спортс Илустрејтед“ фотографирајќи се во мошне провокативно бикини.
Манекенката го покажала затегнатото тело и бујните гради кои горниот дел од костумот едвај ги покрива. Со заносниот поглед ретко кого остава рамнодушен. Не знаеме како фудбалерот на реал Мадрид Кристијано Роналдо ќе го поднесе тоа што на сите мажи во светот неговата драга долго ќе им биде во мислите.