Рускиот супермодел и вереница на Кристијано Роналдо, Ирина Шајк, на својот Инстаграм профил објавила уште една многу провокативна фотографија од која застанува здивот. Прекрасната манекенка на тој начин уште еднаш измамила многу погледи и воздишки.
Руската манекенка овој пат позирала во мало бикини со розе боја кое го откривало нејзиното извајано и затегнато тело. Ирина како коментар под фотографијата напишала „Заоѓање на сонцето“. Таа ужива во сигурно заслужениот летен одмор, а тоа колку е растеретена може да се забележи и на оваа фотографија на која позира без капка шминка.