Руската убавица Ирина Шајк, која позира на штикли од својата десетта година, се фотографирала за кампања за шпанската марка чевли „Ти“. За носењето високи потпетици во овој едиторијал, Ирина Шајк добила 70 илјади долари, но чевлите воопшто не се забележувале покрај нејзината прекрасна фигура.
Иако неодамна изјавила дека никогаш не би се разголела за „Плејбој“, чиј уредници постојано ја опсипуваат со понуди, девојката на Кристијано Роналдо ништо не ја спречува редовно да позира по долна облека за рекламни кампањи.