Прекрасната руска манекенка и девојка на холивудскиот актер Бредли Купер, Ирина Шајк, ги вчудоневиде сите оние кои ја следат на социјалните мрежи, кога објави фотографија на која позира пред едно мало магаре, а облечена е во розево бикини. Не е баш наjjасно што Ирина сака да порача со оваа фотографија, освен дека е на некоја ливада и дека се сонча.
Во описот на фотографијата напиша “Double trouble”, или „Двојна невоља“, мислејќи на себе и на магарето. Меѓутоа, бидејќи во прв план се нејзините прекрасни гради, многумина коментираа дека токму тие се двојната невоља, односно дека предизвикуваат главоболка и несвестица кај сите кои ќе ги погледнат.