Некои дами на црвениот тепих заведуваат со голите рамена, некои со деколтето, а има и такви кои се одлучуваат за проѕирни фустани кои ја разгоруваат фантазијата. Руската манекенка Ирина Шајк решила сите споменати трикови да ги примени истовремено. Кога во Кан се појавила на премиерата на филмот „Се е изгубено“, присутните занемеле. Манекенката избрала црн фустан од проѕирен материјал, под кој јасно се гледале танга гаќичките. Не носела градник, а деколтето и било толку длабоко, што ткаенината едвај ги прикривала брадавиците. Како тоа да не било доволно, фустанот имал голмеи отвори на стомакот и над колковите.

За случај Ирина Шајк да не успее да привлече внимание со својата фигура, што е малку веројатно, тука биле и светликавите бисери сошиени на материјалот. Провокативниот фустан кој и оставал многу малку на фантазијата, Ирина следниот пат ќе може да го надмине единствено ако на црвениот тепих се појави потполно гола. Тешко е да се поверува дека Кристијано Роналдо изневерил ваква убавица.