27-годишната Ирина Шајк, успешна манекенка и девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо, тврди дека своето беспрекорно тело го должи на вежбањето. Истакнала дека е важна и исхраната, како би се направил што подобар баланс. Најмногу сакала пилатес и да трча по Вест Сајд, кога се наошала во Њујорк. Кога патувала тоа било потешко, бидејќи станувала мрзелива и сакала да јаде.

Открила дека одморот ќе го мине во родната Русија. Сакала да ја види својата баба пред да заврши летото. Рекла дека за неа најдобро е одењето дома, дружењето со семејството, добрата храна и опуштањето. Инаку, досега била на одмор со момчето Роналдо. а парот на друштвените мрежи покажал како се забавувале. Во врска се веќе три години, а се запознале на снимањето на еден моден едиторијал. Ирина и Роналдо позирале за Армани, а потоа започнала љубовта.