Ирина Шајк, девојката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, моментално е една од најатрактивните манекенки во светот, првенствено благодарение на своите долги нозе и заводлив поглед. Ирина неодамна снимила нов каталог на костими за капење за еден бренд од Мајами, каде позирала во преку 20 модели од овој бренд.
Прашањето за одржувањето на линијата се наметнало само по себе, бидејќи Ирина е во сјајна форма, а манекенката со насмевка открила дека никогаш не била на диета. Таа додала дека за неа вежбањето не е обврска, туку уживање, и дека по тренингот секогаш се чувствува позитивно.