Убавата руска манекенка Ирина Шајк не сакала да се фотографира гола за списанието Плејбој, и покрај добрата понуда на сопственикот Хју Хефнер. Девојката на Кристијано Роналдо неодамна се фотографирала за машкото списание “Esquire” во доста провокативни разголени пози.

Ирина рекла дека никогаш не би се согласила да се фотографира за Плејбој. Свесна била дека е модел за долна облека, но се сметала за отмена жена. Плејбој минатата година и понудил многу пари, но рекла дека нема шанси. На крајот додала дека и Наоми Кембел и Клаудија Шифер се фотографирале за списанието, но дури на крајот на кариерите и дека тоа било отмено.