Во анкета во која се избираа најубави девојки кои се забавуваат со фудбалери на шпанската лига Примера, првото место го зазеде девојката на играчот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Ирина Шајк. Ирина зад себе ја остави убавата Шакира, пејачката која е сопруга на дублаерот на Барселона Жерар Пике.
Третото место и припадна на новопечената мајка сара Карбонеро, поубавата половина на голманот на Реал Мадрид Икер Касиљас. На четвртото и петтото место се најдоа избраничките на Серхио рамос, Елизабет Рејес, односно девојката на фудбалерот на Барса Нејмар, Бруна Маркезин.