Манекенката Ирина Шајк, вереницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, е најсексипилната жена на светот, според мислењето на шпанците. Убавата русинка се нашла на врвот на листата на 50 најсексипилни жени на светот која секоја година ја објавува популарното шпанско списание ДТ на основа на гласовите од повеќе од 50 илјади читатели.


Втора е Сара Карбонеро, шпанска новинарка, која кон себе го свртела вниманите за време на светското првенство во фудбал во Јужна Африка, а трета уште една манекенка, бразилката Адријана Лима. Меѓу првите десет се уште и Скарлет Јохансон, Меган Фокс, шпанските актерки Амаја Саламанка и Пас Вега, пејачката Едурне Гарсија, како и манекенките Алесандра Амброзио и Хајди Клум. Последното 50 место го зазела ексцентричната Лејди Гага.