Свињите на популарниот остров Биг Мејџор Кеј на Бахамите уживаат како во вистински рај, бидејќи тамо се заштитена врста, а за нивно дополнително уживање се погрижила Ирина Шајк која си играла со нив во морето.

Ирина се одмарала на Бахамите и не можела да оделее да не го посети локалниот остров познат како Свинска плажа, кој е буквално рај за овие животни. Убавата манекенка си играла со животните, се капела во морето, а фотографиите ги поделила со сите кои ја следат на Инстаграм.