Прекрасната руска манекенка Ирина Шајк веќе ужива во магијата на летото. Со оглед на тоа дека нејзиното ново момче, американскиот актер Бредли Купер поради работни обврски не можел да и се придружи на одмор, друштво на егзотичната дестинација и прават нејзината мајка Олга и сестрата Татјана со децата.

 

Поранешната вереница на фудбалерот Кристијано Роналдо на Инстаграм објавила неколку фотографии од одморот, а на една од нив се гледа како убавата Ирина се качува на палмино дрво, но нигде не навела каде точно летува.