Манекенката и однеодамна актерка Ирина Шајк ја краси насловната страна на машкото списание Максим. Таа е топлес, а интересно е дека во интервјуто се пожалила дека и смета што нејзините улоги вклучуваат соблекување. Таа рекла дека штом го погледне сценариото, веднаш забележува дека за неа е резервирана улогата на келнерката или стриптизетата. Но рекла дека сепак не би била лоша ниту во таква улога.
Сепак, таа вели дека е пресреќна поради улогата во екранизацијата на Херкулес. Рекла дека тоа е грчка митологија. Ирина е грчко име и верувала дека тоа е судбина. Иако полека се движи кон глумата, Ирина вели дека е среќна поради финансиската сигурност која и ја влева манекенската кариера. Рекла дека тоа е работа, а не хоби. Вели дека зема 20 илјади долари и сите ги троши на чевли. Била сигурна и независна.