Руското популарно списание „Гламур“ ја прогласило 28-годишната манекенка Ирина Шајк за жена на годината, а таа се пофалила дека признанието го слави во кревет со колешка. На социјалните мрежи поставила фотографија на која позира со колешката Надежда Савцова.

Едната во рацете го држи признанието, а другата букет со цвеќе додека заводливо позираат на кревет во високи чизми и црни кратки фустанчиња. Девојката на Кристијано Роналдо им се заблагодарила на читателите во својата родна држава што гласале за неа и ја дале својата поддршка.