Руската манекенка Ирина Шајк е видена со познатиот актер Бредли Купер на претстава на Бродвеј во Њујорк. Како што пишуваат светските медиуми, Ирина и Бредли ја гледале претставата, се држеле за рака додека седеле и разменувале „вљубени погледи“. Тие двајца, како што се наведува, се „дружат“ веќе некое време, поточно откога манекенката се вратила од одморот во Мексико, а откако актерот раскинал со Суки Вотерхаус.
Сведоци на нивното дружење велат дека се се движело кон врска од самиот почеток на нивното запознавање. Ирина пред неколку месеци излезе од петгодишната врска со фудбалерот Кристијано Роналдо. Некои медиуми после раскинувањето убавата русинка ја поврзуваа со Двејн Џонсон, колега од филмот “Херкулес“.