Многумина очекувале дека ќе го видат нејзиното заводливо тело во модните реклами и ревии по повод новата колекција на Викторија Сикрет, но руската манекенка Ирина Шајк одлучила модната писта овој пат да ја замени со филмското платно.
Девојката на Кристијано Роналдо неодамна го завршила снимањето на дебитантскиот акционен филм „херкулес“ со познатиот актер Двејн Џонсон, чија премиера е закажана за 25 јули следната година. Ако може да се суди по написите на американските весници и списанија, сексипилната Ирина им паднала во око на многу холивудски продуценти, па и предвидуваат кариера како поранешната колешка, а сега актерка, германката Дајана Кругер.