Откако голем број светски таблоиди пренесоа дека холивудскиот актер Бредли Купер ја остави руската манекенка, бидејќи не се сложувала со неговата мајка, папараците успеаја да ги фотографираат на романтична прошетка во Њујорк. Се чини дека нема многу вистина во наводната приказна дека актерот ја остави Ирина Шајк бидејќи не можела да најде заеднички јазик со неговата мајка Глорија, а уште помалку вистина во приказната дека убавата манекенка веќе пронајде ново момче.
И додека многу странски портали ја пренесоа веста за крахот на романсата помеѓу Бредли и руската манекенка, се чини дека на Ирина и актерот воопшто не им сметаат таквите новински написи. Баш напротив, убавата Ирина и нејзиниот избраник уживаат во секој момент кој го минуваат заедно.