Стигна и првата потврда дека четиригодишната врска помеѓу Кристијано Роналдо и Ирина Шајк е завршена. Со шпекулации се започна во понеделникот на церемонија на Златната топка, кога руската манекенка не присуствувала на истата, а фудбалерот на Реал Мадрид не ја ни спомнал во говорот кога го примал признанието за најдобар играч на светот. Потоа Ирина го „отпратила“ Роналдо од социјалните мрежи, но дури последните шпекулации дека Ирина била во лоши односи со мајката на Роналдо Долорес на натерале русинката да се огласи.

Од ПР службата на руската манекенка порачале дека можат да потврдат дека Ирина Шајк ја раскинала врската со Кристијано Роналдо. Таа била блиска со членовите на неговото семејство цело време. Гласините за тоа дека Ирина била во лоши односи со мајката на Ирина се потполно неточни, и тоа не бил фактор за нивното разделување.