Заносната манекенка Ирина Шајк ги покажала своите атрибути во кампањата за долна облека „Ла Кловер“. Вереницата на Кристијано Роналдо се фотографирала во модели на познатиот кинески бренд по повод денот на вљубените, кога се очекува најголема навала на купувачите. Меѓутоа, сексипилната руска манекенка, која со славниот фудбалер е во врска од 2010 година, неодамна изјавила дека одбила да се фотографира гола за Плејбој и дека не е се до парите.
Рекла како знае дека големи имиња од светот на модата биле на насловната страна на Плејбој, но тоа едниоставно не било за неа. Не постоела толкава сума пари за која би се соблекла. На крајот додала дека од тоа списание и стигнала многу добра понуда, но морала да ја одбие.