Рускиот супермодел Ирина Шајк покажала дека изгледа подеднакво сексипилно и кога носи облека, откако се појавила на моданта ревија во Сао Паоло.
Ирина е најпозната по бикини едиторијалите кои ги промовирала во текот на својата кариера, но овој пат се одлучила на малку поинаков ангажман.
Имено, манекенката прошетала по модната писта промовирајќи ја летната колекција на компанијата Трирон.
Таа носела два лесни фустани, кои во прв план ги ставале долгите нозе на манекенката, кои важат за еден од најпрепознатливите атрибути.
Ирина неодамна објавила и дека наскоро ќе се појави во филмот „Херкулес“ во кој глуми заедно со Двејн Џонс.