Поранешната девојка на Крисијано Роналдо, руската манекенка Ирина Шајк признала дека покрај фудбалерот се чувствувала „лошо и несигурно“. Дала и да претпоставиле дека го оставила фудбалерот поради наводни неверста, а совршениот маж го опишала како „верен и искрен“. Во интервју за шпанскиот весник Хола рекла дека нејзиниот идеален маж е верен, искрен и господин кој знае како да се однесува кон жената. Таа рекла дека не верува во мажи поради кои жените се чувствуваат несреќни, бидејќи се момчиња, а не мажи. Мислела дека го пронашла совршениот маж, но испаднало дека погрешила.

 

Додала дека жените се чувствуваат грдо кога покрај нив е погрешен маж. Манекнката рекла дека и таа се чувствувала лошо и несигурно. Доколку нештата не функционираат, тогаш најдобро е да се прекине. Според неа врските се тешки и веднаш мора да знаеш каков маж сакаш покрај себе, и доколку останеш со некого, тоа значи дека одите во ист правец и заеднички гледате кон иста цел. Во врската обајцата треба да имаат ист концепт и иста енергија. Заклучила дека и двајцата партнери мора да веруваат во моногамија.