Супермоделот Ирина Шајк понела многи смел фустан на Венити фер забавата која традиционално се одржува после доделувањето на Оскарите. Овогодинешното доделување на златните статуетки на едно место собрало првенствено актерки, па пејчаки, а и топ модели, а се чини дека сите се натпреварувале која ќе изгледа поубаво.
Сепак, Ирина не се трудела многу околу тоа, туку со едноставен, но многу интересен фустан ги привлекла сите погледи на себе. Фустанот со необичен крој го откри нејзиното тело, а манекенката на црвениот тепих кокетирала со фотографите и така покажала дека е полна со самодоверба. Кој знае, можеби сака да му покаже на Кристијано што изгуби.